Home Живот и здравје Детокс по празници: Единствени совети што навистина ви требаат

Детокс по празници: Единствени совети што навистина ви требаат

ДЕТОКСИКАЦИЈА СО ЗИМСКИ, СВЕЖИ ПРОИЗВОДИ

Храната која е во сезона има поголема нутритивна вредност. Затоа наполнете го фрижидерот со нискокалоричен зеленчук како спанаќ, цвекло, карфиол и брокула, но и со зимско овошје како портокали, киви, грејпфрут и мандарини.

ВКЛУЧЕТЕ ЈАТКАСТИ ПЛОДОВИ ВО ВАШАТА ИСХРАНА

Обезбедете му на телото енергија со консумација на јаткасти плодови како бадеми и ореви. Не двоумете се да додадете и семки – ленено семе, семки од тиква. Овие намирници ќе ве држат сити подолго време. Единствено на што треба да внимавате е количината – една шака дневно е сосема доволна.

ИЗБЕГНУВАЈТЕ ЈАГЛЕХИДРАТИ ВО ВЕЧЕРНИТЕ ЧАСОВИ

Одбегнувањето на храна богата со јаглехидрати навечер навистина придонесува за намалување на тежината. Бидејќи дигестивниот систем работи поспоро во доцните часови, последниот оброк треба да содржи протеини кои ќе ве држат сити подолго.

АЛКОХОЛОТ НА ПАУЗА – НАЈДОБАР ДЕТОКС

На Божиќ и Нова година веројатно се наздравуваше малку повеќе од вообичаено. Но, кога правите детоксификација, време е да му дадете пауза на алкохолот полн со калории, барем за одреден период. Останете хидрирани, пијте многу вода и консумирајте свежо овошје и зеленчук кои ќе ги задоволат дневните потреби за течности.

НАМАЛЕТЕ ГО ШЕЌЕРОТ

Божиќните и новогодишни празници се преполни со слатки задоволства. Но, сега е вистински момент да се направи пауза. Изберете здрави ужини како свежо овошје, јогурт и јатки, и заменете го белиот шеќер со природни засладувачи како мед.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Живот и здравје
Comments are closed.

Check Also

Прифати го предизвикот: 4 минути – 28 дена за топење сало и дефинирање мускули

Сакате ли предизвици? Прифатете го овој предизвик и доведете го вашето тело во врвна форма…