Експериментирањето со нови, нестандардни еротски техники може на моменти да изгледа незгодно, но ние предлагаме да се осмелите и да уживате максимално…
Мажите често истакнуваат дека посакуваат жени кои се подготвени за истражување во спалната соба, па токму затоа ви приготвивме листа со разиграни потези кои можете да ги пробате уште вечерва!
Играчки за забава
– Поминувајте со вибратор по рабовите на неговите брадавици, па потоа оставете тој да го преземе водството и да ве милува со истиот вибратор по вашите надворешни усни. Менувајте се на неколку минути.
– Изненадете го така што ќе му ги покриете усните нежно со вашите најпредизвикувачки чипкани гаќички.
– Со помош на долг свилен шал, фрлен преку отворена врата, врзете му ги рацете високо над главата, а потоа задоволете го орално додека не си изгуби здивот.
– Додека се загревате, вклучете мал вибратор и притиснете го до неговиот перинеум, додека во истовреме го бакнувате со страст. Оваа комбинација ќе го одведе до неверојатен оргазам.
– Врзете му ги рацете за наслонот на креветот со неговата кравата, и предупредете го дека ако се одврзе – завршува уживањето. Потоа, само со јазикот истражувајте го неговото тело.
– Наместете му вибрирачки прстен, а потоа фокусирајте се на неговите брадавици и тестиси за врвно чувство.
– Можете да користите перце за еротска стимулација. Милувањето ќе ја разбуди страста и желбата.
– Ставете му повез на очите и опишувајте му што правите со себе – дека ги галите градите, дека полека ја спуштате раката, и така натаму…
Орален секс
– Истиснете лубрикант со вкус на неговото омилено овошје на интимниот дел, во количина колку паричка од два денара, и дозволете му целосно и полека да го лиже.
– Наредете му да остане без ерекција додека му спремате орално изненадување. Кога не успее (а нема да успее), казнете го така што ќе го фрлите на кревет и ќе му направите сè што ќе посакате, додека му ги држите рацете над глава.
– Задоволете го со усните, додека држите вибратор под вашата брада за дополнително чувство.
– Изненадете го додека се тушира, спуштете се на колена и без зборови доведете го до кулминација со вашите усни.
– Направете натпревар: кој ќе постигне подобар резултат во омилената видео игра додека еден на друг си пружате орално задоволство.
– Дајте му боца со шлаг и кажете му целата содржина да ја истури врз вашето тело, а потоа без престан да ја излиже од вашата кожа.