Home Вебкафе Зошто секоја година пак ги гледаме истите божиќни филмови? Науката знае зошто

Зошто секоја година пак ги гледаме истите божиќни филмови? Науката знае зошто

ЗОШТО СЕКОЈА ГОДИНА ПАК ГИ ГЛЕДАМЕ ИСТИТЕ БОЖИЌНИ ФИЛМОВИ? НАУКАТА ГО ИМА ОДГОВОРОТ

Како што влегуваме во највеселиот период од годината, речиси секое семејство се претвора во мала празнична оаза: светлечки ламбички, богато накитена елка, топло ќебенце на софата… и – повторно – омилениот божиќен филм на телевизија.

Од „Сам дома“ до „Вистинска љубов“, многумина од нас автоматски, без многу размислување, притискаат „пушти“ на филмови што веќе ги имаме гледано безброј пати. Но, зошто го правиме тоа?

Иако истражувањето на нови искуства е клучно за личниот развој и креативноста, човековиот мозок има подеднакво силна потреба: желба за познатото, за безбедното и предвидливото. Го сака она што добро го познава, каде што нема изненадувања. Со други зборови, во повторувањето на сцени и познати реплики, мозокот наоѓа утеха и спокој.

ЗОШТО НИ ПРИЈА ПОВТОРНОТО ГЛЕДАЊЕ

Истражување на Универзитетот во Чикаго покажува дека гледањето на омилени филмови или серии – особено оние што ги поврзуваме со топли сеќавања и позитивни емоции – функционира како силен механизам за релаксација. Кога знаеме што ќе се случи, нивото на стрес драстично се намалува. Луѓето се чувствуваат најбезбедно таму каде што сè им е познато – дома, меѓу мириси и предмети што ги препознаваат, дури и во периоди со зголемена напнатост.

Божиќните филмови се посебни бидејќи не носат назад во детството, во семејните моменти, во мирисот на домашни колачи и смеа. Тие се емоционално засолниште: доволно е да слушнеме само прва нота од омилениот празничен саундтрак и веќе сме таму – во свет во кој сè е познато, топло и безгрижно.

Парадоксално, предвидливоста не е досадна. Напротив – таа е терапевтска. И токму за време на Божиќ, можеби и тоа е сè што ни треба.

Кои филмови ќе ги гледате оваа година по… 1056-ти пат?

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Пилешко, Инстаграм и драма: Необичен повод за семејна војна кај Бекамови

ПИЛЕ, ИНСТАГРАМ И ДРАМА: НЕОБИЧНА ПРИЧИНА ЗА СЕМЕЈНАТА ВОЈНА КАЈ БЕКАМОВИ Семејната драма …