Home Вебкафе Кендал Џенер ги отвора вратите од нејзиниот волшебен планински дом – инспирацијата е загарантирана

Кендал Џенер ги отвора вратите од нејзиниот волшебен планински дом – инспирацијата е загарантирана

Кендал Џенер накратко го остави зад себе минималистичкиот гламур на Лос Анџелес и нејзините беспрекорни, секојдневни комбинации за да се препушти на сосема поинаков свет – шармантно, шарено и разиграно планинско прибежиште кое изгледа како отсекогаш да постоело.

Заедно со талентираната внатрешна дизајнерка Хајди Кејер, Кендал создаде простор без правила – место кое инспирира креативност и емоции. Срцето на овој дом е вистинска ѕвезда: огромен тросед обложен со педесет метри познатиот Hollyhock Handblock материјал од колекцијата на Ли Џофа. Комбинацијата на ретро шарм и таканаречената „бакарска естетика“ со модерен, смел пресврт веднаш ја освоила Кендал. Без двоумење, тој станал централниот елемент во нејзиниот нов планински дом – место каде што се собираат пријателите, смеата и спонтаните игри.

Ова е првиот дом на Кендал изграден од темел. Идејата била едноставна: место каде што пријателите ќе можат да се сместат на истиот тросед, да играат друштвени игри, да се собираат околу камината обвиени во ќебиња, каде што спонтаните моменти стануваат најубави спомени. Парцелата ја купила речиси импулсивно, водена од „енергијата“ на планинската околина. Како љубителка на природата и коњите, знаела дека ѝ треба простор за авантура, слобода и враќање кон природата – буквално и метафорично. Старата куќа не можела да се спаси, па процесот почнал од нула, а Кендал вложила дел од себе во секој детаљ.

Естетиката на домот почнала со мудборд преполн со планински колиби, рурални куќи и ретро текстури. Една од првите идеи која ја освоила била камин… во кујната – концепт што ѝ го предложила Крис Џенер и што веднаш го прифатила. Куќата е полна со вакви мали чуда: изненадувачки прозорци, ѕидни облоги кои раскажуваат приказни, ткаенини што потсетуваат на минатото и предмети со историја. Хајди помогнала во создавање на совршен баланс на бои и текстури: од длабоката боја на модар патлиџан на ѕидовите, преку синиот шпорет Lacanche, до чартеруз плочките во бањите и тапетите со ситни цветови – првично застрашувачки, но брзо станале омилен детаљ.

Контрастот помеѓу руралната едноставност и врвниот мебел, винтиџ материјалите и модерното осветлување, рачно изработените предмети и уметничките statement парчиња го прават просторот жив и автентичен – токму како што посакувала Кендал. Домот зрачи со минатото и приказна, иако е сосема нов.

За дополнителна магија, Кендал го вклучила и својот минијатурен Airstream приколка-дом – подарок за роденден и драгоцен спомен – кој сега служи како мала куќа за гости. Со дрвени облоги, мала кујна, винтиџ ткаенини и бања со када, ова минијатурно прибежиште изгледа како од бајка – совршено за пријатели што ќе пристигнат последни на планинското дружење.

Животот во планинскиот дом е едноставен: прошетки, велосипед, планинарење и враќање дома за готвење и одмор. И покрај едноставноста, Кендал тука пронашла место за креативност. Си дозволила да експериментира со бои кои инаку не би ги користела, да се препушти на шарени принтови, цветни експлозии и графички мотиви, да биде разиграна и да ја открие својата детска страна – сето тоа во својот приватен планински рај.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Како да се замисли желба во новогодишната ноќ?

Како да си замислиш желба во новогодишната ноќ? Новогодишната ноќ носи некоја посебна маги…