Home Шоубизнис Прекрасна и елегантна: Ќерката на Ташке пристигна на роденденот на братот Андреј

Прекрасна и елегантна: Ќерката на Ташке пристигна на роденденот на братот Андреј

Прекрасна и елегантна: Ќерката на Ташке пристигна на роденденот на братот Андреј

Вики Миљковиќ и Драган Ташковиќ — Ташке го прославија 18. роденден на својот син Андреј во луксузен ресторан на Белград на вода. На свеченоста се појави и ќерката на Ташке од првиот брак.

Јелена Ташковиќ, сега со презиме Бодирожа по мажењето, не живее во Србија. Со својата мајка, првата сопруга на хармоникашот, одамна се пресели во странство каде си го организирала животот по своја мера, и никогаш не покажала желба да се врати. Таму се омажи и стана мајка, па Ташке ја доби улогата на дедо.

Ќерката на Драган Ташковиќ — Ташке повремено се гледа со својот татко и маќеа, кога ќе успеат да ги усогласат обврските, но не сакаше да го пропушти 18. роденден на својот брат. Иако живеат во различни држави, меѓусебно се многу блиски, што го потврдуваат и фотографиите од забавата.

Вики Миљковиќ за свеченоста се одлучи за елегантен црн чипкан фустан со дискретно сребрено ланче. Насмевката не и се тргнуваше од лицето додека со својот сопруг и син ги пречекуваше гостите и уживаше во прославата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Влада Савиќ за односот меѓу ќерката и втората сопруга – Психологот ми рече: Сега имаш дете, внимавај кога ќе ја бираш партнерката

Владан Савиќ, фронтменот на „Магла бенд“, зборува за својот семеен живот. Ќерката Анѓелија…