Срѓан Ѓоковиќ во живо ја прочита пораката од Новак: Тато, ме знаеш, морам…
Фото: Ata Images
Најголемиот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ (38), трајно ќе се пресели во Атина, заедно со сопругата Јелена и децата Стефан и Тара, објавија грчките медиуми уште во јуни.
Според информациите на порталот glow.gr, семејството Ѓоковиќ ги посетило приватните училишта во северните предградија на грчката престолнина, во потрага по средина која ќе им овозможи безбедност и квалитетно образование за нивните деца. Англискиот јазик бил еден од главните критериуми при изборот.
„Истовремено, барале нов дом нагласувајќи дека им е потребен мир, безбедност и контакт со природата и не ја исклучувале можноста за купување куќа со поглед на море“, се наведува во текстот.
Според грчките новинари, Новак ќе ја продолжи својата кариера, а Атина ќе му биде база за натамошни активности, исто како што тоа порано биле Монако, Белград, Марбеља или Црна Гора во периоди на одмор.
Сепак, Ѓоковиќ никогаш не го потврдиле официјално преселувањето. Срѓан Ѓоковиќ во повеќе наврати истакнувал дека Новак планирал по завршувањето на активната кариера да се врати во Белград.
Фото: Antonio Ahel/ATAImages
Срѓан Ѓоковиќ:
Новак ќе остане да живее во Србија со семејството по завршувањето на кариерата. Мислам дека нема поголема среќа. Нашата мајка е Србија, ние сме Срби, живееме во нашата земја Србија и горди сме што сме Срби. Никогаш не сме работеле ништо против другите, сите работеле против нас, но ние останавме чудесно силни. Останавме на својот дом, колку и да не’ има. Се надевам дека ќе не’ има повеќе во иднина.
Моите деца се родија тука и Новак, кога ќе ја заврши својата тениска кариера, ќе живее во својот град, Белград, во својата земја Србија. Мислам дека нема поголемо задоволство, гордост и успех од тоа твоето дете да ја слави својата нација и својата земја низ целиот свет. А тоа не беше лесно на почетокот, затоа што неговата кариера се поклопи со ужасното време во нашата земја, бомбардирањата, санкциите и блокадите на секој можен план.
Фото: Ata Images/Antonio Ahel
Срѓан Ѓоковиќ откри како изгледала нивната преписка во тие моменти и јавно ги прочита пораките во подкастот „Бизнис приказни“:
Срѓанова порака:
Нокс, ако ти значи моето мислење, мислам дека никако не треба да одиш во Токио. Долг е патот, друга временска зона, нема публика, пак би морал во карантин. Тоа едноставно без публика не е Олимпијада. Те сака тато.
Новаков одговор:
Се разбира дека ми значи твоето мислење, тато. Сакав да земам три-четири дена да почувствувам како ми е телото. Јас секогаш брзо се опоравувам, така што тоа не ми е голем проблем. Патриотизмот е многу силен во моето срце и глава, тато. Ме знаеш, кога е Србија во прашање, давам се’ од себе и не се свртувам назад.
Срѓан призна дека одговорот длабоко го погодил:
Не можев да се смирам од возбуда и од гордост којзнае колку време, бидејќи тоа го кажа мојот син, а тој го научи тоа во својата куќа, дека патриотизмот е над сè, дека Србија е нашата мајка која не’ родила и дека нема друга опција.
Неговата решеност да игра за Србија на крајот го донесе и остварувањето на сонот — Новак Ѓоковиќ во 2024 година го освои олимпиското злато, единствениот трофеј што му недостасуваше во неговата богата кариера.