„6-6-6“: TikTok тренд што го освои светот – спремни ли сте да го пробате?
Ако мислевте дека пешачењето е досадно – размислете повторно!
Нов фитнес тренд што моментално е хит на TikTok докажува дека понекогаш наједноставните навики даваат најдобри резултати. Станува збор за „6-6-6“ методата – лесна, забавна и навистина ефикасна за телото и умот.
Целата идеја е крајно едноставна:
- 6 минути лесно пешачење за да се загрее телото,
- потоа 6 минути со побрзо темпо за да се покрене циркулацијата и забрза метаболизмот,
- и конечно 6 минути релаксирано темпо за постепен влез во фаза на одмор.
Методата е флексибилна, може да се изведува во кој било дел од денот и идеална е за сите возрасти – од почетници до поискусни вежбачи.
Персонален тренер од Лос Анџелес изјави за Fox News: „Пешачењето ми помага да ги исчистам мислите, да ја ублажам анксиозноста и да го одржам телото активно дури и кога не тренирам напорно.“ Поради тоа, сè повеќе луѓе низ светот почнуваат да го вклучуваат овој тренд во својата секојдневна рутина.
Зошто „6-6-6“ е толку добар за вас?
Најпрвин, се заснова на континуитет, а не на напор. Нема потреба од исцрпувачки тренинзи, а телото сепак согорува масти и се зајакнува – совршено за оние што сакаат резултати без премногу труд.
Студиите на Националниот институт за здравство покажуваат дека редовното пешачење:
- ја подобрува работата на кардиоваскуларниот систем,
- го намалува крвниот притисок,
- и придонесува за регулирање на холестеролот.
Иако не гради мускули како вежбите со тегови, го зајакнува т.н. бавно ткиво на мускулите кое е клучно за издржливост и го спречува губењето мускулна маса со текот на годините. Дополнително, ја зголемува севкупната кондиција, согорува масти и го мотивира телото да остане активно.
Совети за совршено темпо
- Држете ја кичмата исправена, вовлечете го стомакот, градите напред, а рамената опуштени наназад.
- Не ги прекрстувајте нозете додека чекорите.
- Ако сте почетник, почнете со 20 минути дневно – поискусните може да го зголемат темпото и времетраењето.
- Најважно – слушајте го вашето тело и приспособете ја брзината според вашите можности.
Ако сакате да го почувствувате вашето тело – и расположение – како се менуваат буквално преку ноќ, ова е вистинскиот начин да го внесете движењето во секојдневниот живот. А да, пешачењето никогаш не било поактуелно на TikTok!