Home Живот и здравје 5 начини како да вежбате на одмор, без ни да забележите

5 начини како да вежбате на одмор, без ни да забележите

Дали сте од оние луѓе кои постојано мораат да се движат и не можат со саати да лежат на лежалка и да се сончаат?

Плажата е совршено место за многу нешта, особено кога таму поминувате цел ден. Постојат барем пет начини како да вежбате додека сте на одмор, а притоа тоа да не ви изгледа како обврска. Едноставно, опуштено, па дури и забавно – би рекле ние.

1. Правете замоци од песок

И нека се урнат подоцна, нека ги однесе бран. Освен што ќе се потсетите на безгрижните денови од детството, ова претставува одлична физичка активност, дури и ако на прв поглед така не изгледа. Одење до вода, носење кофа, чудни пози додека копате и градите – сè ова под сонце е одлична вежба за телото.

2. Играјте се со брановите – сепак сте на одмор

Ако морето е немирно и не е баш за пливање, седнете блиску до него и скокајте во брановите со пријателите. Ќе паднете, ќе станете, ќе скокнете. Ако го правите ова само половина час, добивате подобар аеробик отколку во сала.

3. Пливање

Многупати сме зборувале за придобивките од пливањето. Тоа е една од најдобрите форми на аеробен тренинг и идеален начин да се разладиш и истовремено да го вежбаш целото тело. Плажата е убава, но морато треба да се искористи за нешто повеќе од само седење.

4. Трчање на одмор

Ако трчате боси по плажа, уште повеќе ги активирате мускулите на нозете. А ако песокот е жежок и мора да трчате побрзо – тогаш согорувате уште повеќе калории отколку обично.

5. Ролери и ролшуи

Омилен начин на движење кој повторно станува популарен и изгледа одлично. Со нив одите каде сакате, изгледате кул и трошите многу енергија. Одлично за прошетки по крајбрежјето или рамни патеки во туристичките места.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Живот и здравје
Comments are closed.

Check Also

Скијањето – дали навистина му користи на умот и телото?

1. Забава Скијањето е вистинска забава. Слободното време можете да го поминете на свеж пла…