Home Живот и здравје Најдоброто време во денот за уживање во сладолед, според нутриционистите

Најдоброто време во денот за уживање во сладолед, според нутриционистите

Лето без сладолед? Невозможна мисија!

Таа студена, кремаста наслада е вистински рај за непцата во жешките денови, ама… да бидеме реални – сладоледот е сладок, полн со шеќер и често не’ остава со чувство „дали баш ми требаше?“. Добрата вест? Со паметна стратегија, можеш да го уживаш без грижа на совест!

Што вели нутриционистката?

Според советите од нутриционистката Фани Бајландкур, постои идеално време од денот кога сладоледот нема да направи хаос со шеќерот во крвта. Клучот е во вистинскиот момент – затоа што, да, и десертот има своја вистинска тајминг стратегија.

Најдобро време за уживање во сладолед? Веднаш по оброк!

Заборави на тоа да грицкаш сладолед во движење или напладне – вистинскиот трик е да го јадеш по оброк кој е балансиран. Ако си јадела оброк богат со растителни влакна, протеини и здрави масти (на пример, пилешко со зеленчук или риба со киноа), сладоледот ќе се вари поспоро, шеќерот нема да скокне в небо, а ти ќе се чувствуваш сита, задоволна и без оној пад на енергија што доаѓа по шеќерна бомба.

Сладолед попладне? Да – но со мера!

Ако особено ти се пријаде сладолед околу 16–17 часот, направи да вреди. Прескокни други извори на шеќер тој ден – на пример, наместо овошје по ручек, зачувај го тој момент за топка од омилениот сладолед. Така нема да го преоптовариш телото, а сепак ќе си ја добиеш дозата на слатко задоволство.

Што никако не треба да правиш?

Немој да јадеш сладолед сосема сама – односно, на празен стомак! Во тој случај, шеќерот влегува директно во крвоток, па почнува тобоганот – енергијата нагло расте, па уште побрзо паѓа и те остава изморена, гладна и безволна.

Колку често можеш да се почестиш?

Нутриционистката вели: еднаш на два до три дена за време на одмор е сосема во ред. Имај предвид дека 100 грама сладолед содржи околу 20–25 грама шеќер, па не претерувај. Помалку е повеќе – и навистина има подобар вкус кога го чекаш со нестрпливост.

Брз водич за паметно уживање во сладолед:

✔ Јади сладолед после оброк, не помеѓу оброци

✔ Не го комбинирај со други слатки

✔ Избегнувај го на празен стомак

✔ Не го претворај во секојдневна навика – нека биде мал луксуз, не рутина

Сладоледот е овде за да го обожаваш, а не да ти биде товар. Уживај паметно, без грижа на совест и со стил – токму како вистинско летно задоволство што те потсетува дека летото е време за мали радости… но и за баланс!

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Живот и здравје
Comments are closed.

Check Also

Скијањето – дали навистина му користи на умот и телото?

1. Забава Скијањето е вистинска забава. Слободното време можете да го поминете на свеж пла…