Home Шоубизнис Во првиот ред, совладана од емоции: Цеца на комеморацијата за Саша Поповиќ

Во првиот ред, совладана од емоции: Цеца на комеморацијата за Саша Поповиќ

У првиот ред, совладана од емоции: Цеца на комеморацијата за Саша Поповиќ

Цеца пристигна на комеморацијата за Саша Поповиќ видливо потресена.

Денес е исклучително тажен ден за јавната сцена на Србија. Во Сава Центар се одржува комеморацијата за Саша Поповиќ, додека погребот е закажан за 14:30 часот на Новото бежаниско гробиште.

Од големиот естраден маг и еден од најсаканите луѓе на јавната сцена се простуваат неговото семејство, бројни пријатели и соработници, меѓу кои и неговата голема пријателка. Цеца пристигна на комеморацијата целосно скршена.

Пејачката беше облечена во црно, а лицето и неизмерната тага се обиде да ги сокрие зад големи темни очила.

На комеморацијата први пристигнаа неутешната сопруга на Саша Поповиќ – Сузана Јовановиќ, нивната ќерка Александра, како и синот на Сузана Даниел.

Веќе пред 10 часот, многумина се собраа за да му оддадат последна почит на Саша Поповиќ. Меѓу првите пристигна и неговиот долгогодишен соработник и пријател Горан Шљивиќ.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Влада Савиќ за односот меѓу ќерката и втората сопруга – Психологот ми рече: Сега имаш дете, внимавај кога ќе ја бираш партнерката

Владан Савиќ, фронтменот на „Магла бенд“, зборува за својот семеен живот. Ќерката Анѓелија…