
Саша Поповиќ почина по тешка болест, а неговото заминување ги погоди сите што му беа блиски. Од медиумскиот маг се простуваат многумина на социјалните мрежи – колеги, соработници, пријатели.
Сепак, малкумина навистина знаеја што се случува, бидејќи семејството Поповиќ се трудеше сè да остане во тајност.
Кумот на Саша Поповиќ откри сè за болеста, а за тоа дозна на роденденот на својата сопруга.
– Го прашав како му е ногата, а тој ми рече: „Ногата е добро, но имам друг проблем.“ Возев автомобил, бев во Апатин. Се сеќавам дека бев на една голема кривина. Ме праша каде ми е жената, му реков дека е долу во станот. Тогаш ми кажа дека има карцином. Не знаев како да реагирам во тој момент. Застанав за да ми повтори што рече. Тој тоа го кажа како да има грип. Рече дека сè ќе биде во ред. Не сакав ниту на жена ми да ѝ кажам. Верувавме дека ќе ја победи болеста – изјави Ќира, кој со Поповиќ бил во постојан контакт.
– Ми беше чудно колку имаше волја за живот. До пред две недели договараше емисии. Секогаш велеше: „Супер сум, Ќирко, одлично сум.“
Лекарите му рекоа дека терапијата што ја прима ќе го подигне за два месеци. Никој не се надеваше дека крајот ќе дојде толку брзо – рече Ќира за Scandal и додаде дека Саша во последните денови не се слушнал со никого.
– Само тој знае како ги преживеа последните два-три дена. Лажат дека се чуле со него во тие денови. Се пишува сешто. Лаж е дека пишувал пораки пред два дена на било кого.
„Не го заслужи тоа што му се случи, тој беше прекрасна душа“
Сузана беше со него до последниот момент. Ќе ѝ биде тешко кога сите ќе си одиме, кога ќе остане сама со Цока – рече Ќира.
– Последен пат се слушнавме пред славата. Кога децата отпатуваа во Париз за да се простат од него, знаев дека е лошо – изјави Ќира и нагласи дека Саша се лекувал во специјална болница во Париз.
– Тоа е некоја посебна болница, постојат само две такви во светот – една во Америка, една во Париз. Саша секогаш редовно се контролираше. Три-четири месеци пред тоа беше на преглед.
– Не видоа ништо. Сестрата, која е хирург, ми рече дека видот на тумор што го имаше е многу тешко да се открие – рече Ќира и додаде дека Саша му кажал дека кашлал.
– Ми рече дека нема болки. Само кашлаше. Тешко е да се појават симптоми.
Сузана вчера со приватен авион пристигна со ќерката и синот во Белград.
Погребот и комеморацијата за Саша Поповиќ ќе се одржат во четврток, 6 март. „Гранд“ продукција го објави точниот термин на погребот – семејството прима сочувство во 12 часот, опелото ќе биде во 13:45 часот, додека погребот ќе се одржи во 14:30 часот.