Home Шоубизнис Да се биде самохрана мајка не е лесно! Ирина Вукотиќ по 16 години откри како ја воспитувала Искра

Да се биде самохрана мајка не е лесно! Ирина Вукотиќ по 16 години откри како ја воспитувала Искра

Ќерката на Ирина Вукотиќ е прекрасна девојка

Самохраните мајки дефинитивно се најголемите херои, а една од нив е и водителката Ирина Вукотиќ, која по разводот со Сава Радовиќ, целосно го презеде старателството над нивната ќерка.

Ќерката на Ирина Вукотиќ оваа година ќе го прослави 17. роденден, и иако цело време била во контакт со својот татко, за нејзиното воспитување и одгледување најмногу е заслужна нејзината мајка.

Искра Радовиќ е добра ученичка, успешно се занимава со моделирање, а ако судиме според она што го гледаме на социјалните мрежи, таа е и прекрасна ќерка.

Имено, Искра ја изненади својата мајка со цвеќе, покажувајќи колку е внимателна. Овој гест од својата наследничка, на која е бескрајно горда, Ирина го сподели на својот Инстаграм профил.

Иако во моментов е посветена на модните писти, Искра своевремено откри дека не би сакала да се занимава со професијата на нејзината мајка:

„Нејзината професија е тешка и сериозна, постојано мораш да ги следиш вестите. Тоа не е за мене. Во моментов немам конкретна идеја со што би се занимавала, но ме привлекуваат креативни нешта: цртање, глума, музика. Тоа ми е интересно, се чувствувам слободно додека го правам.“

Ова е една од ретките изјави што ќерката на Ирина Вукотиќ ја дала за јавноста.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …