Home Актуелно Празнична временска прогноза

Празнична временска прогноза

Денеска, 24. мај, времето во Македонија претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а попладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме проследени со силен ветер и услови за појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14, а максималната ќе достигне од 22 до 30 Целзиусови степени.

Во Скопје, како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне во делови од котлината ќе има услови за развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 28 степени.

И во следните денови ќе се задржи променливо облачно и топло време, во попладневните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме кога поројниот дожд ќе биде проследен со силен ветер и појава на град.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…