Home Актуелно Облачна и сива среда

Облачна и сива среда

Времето во Македонија денеска, среда, петти април, ќе биде променливо облачно со повремени слаби врнежи од дожд, на планините и некои повисоки места врнежите ќе бидат од слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува.

Во Скопје променливо облачно, со слаб до умерен ветер од северен правец и дневна температура до 8 Целзиусови степени. Маврово 2, Охрид и Битола 9, Крива Паланка и Берво 5, Кавадарци 10, Дојран 13.

Утре времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во јужните делови претпладне ќе има локални врнежи од слаб дожд, на планините од слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Во Скопје променливо облачно со умерен ветер од северен правец.

Дневните температури ќе се движат од 3 до 14 степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…