Home Актуелно Оваа беше втората најтопла зима во Европа од почетокот на мерењата во 1979 година

Оваа беше втората најтопла зима во Европа од почетокот на мерењата во 1979 година

Европскиот континент ја доживеа втората најтопла зима од почетокот на мерењата во 1979 година, објави службата на Европската Унија за следење на климата, додека сушни услови повисоки од просекот се забележани во големи делови од западна и југоисточна Европа, како и во руски региони.

Многу повисоки температури од просекот се измерени во источна Европа и делови од североисточна Европа, објави Службата за климатски промени Коперникус.

Температурите биле под просекот на Пиринејскиот Полуостров.

Според извештајот најтопла зима од почетокот на мерењата била 2019/2020 година.

Глобално годинешниот февруари бил најтопол од кога постојат мерењата, според Коперникус.

„Поголемиот дел од Европа имал натпросечни температури на воздухот, особено северна Норвешка и Шведска, како и (норвешкиот регион) Свалбард“, додаде службата на ЕУ.

Свалбард е архипелаг меѓу норвешкото копно и Северниот пол.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Меѓу светлината на рефлекторите и темнината на болеста: Емилија Кларк како симбол на храброст

МЕЃУ СВЕТЛИНАТА НА РЕФЛЕКТОРИТЕ И ТЕМНИНАТА НА БОЛЕСТА: ЕМИЛИЈА КЛАРК КАКО СИМБОЛ НА ХРАБР…