Home Актуелно 8-годишно девојче се напило сок во хотел на Златните песоци и добила изгореници на хранопроводот и желудникот

8-годишно девојче се напило сок во хотел на Златните песоци и добила изгореници на хранопроводот и желудникот

8-годишно девојче од Бугарија се здобило со внатрешни изгореници на хранопроводот и желудникот откако откако се напило овошен сок во хотел на Златните песоци, на брегот на Црното Море во Бугарија, соопштија нејзините родители.

8-годишната Радостина потоа била згрижена на одделението за интензивна нега во болницата во Варна, објави порталот „Новините“.

Детето било итно примено на 11 февруари, а отпуштено дури на 23 февруари.

Мајката на девојчето наведува дека нејзината ќерка го испила сокот и неколку секунди подоцна почувствувала силно чувство на печење во устата и грлото, а потоа од устата почнала да и излегува пена.

Поради изгорениците на хранопроводникот, покрај кои бил зафатен и дел од желудникот, на детето во болница биле извршени низа интервенции.

Поради целата ситуација лекарите поднеле пријава во полиција.

Според таткото на девојчето, вработените во хотелот рекле дека досега немале никакви проблеми со тој вид на пијалок. Полицијата соопшти дека окружната управа на Варна добила жалба, која била проверена и пријавена во обвинителството.

Целото количество сок пронајдено во хотелот било одземено и дадено на вештачење, пренесува медиумот.

Агенцијата за безбедност на храна го проверила и хотелот и производителот на сокови и сите количини од таа серија, според написите, се повлечени од продажба.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…