Home Шоубизнис Германската актерка Сукова сака да ги најде Билјана и Зорица кои ги запознала во Охрид во 1963 година

Германската актерка Сукова сака да ги најде Билјана и Зорица кои ги запознала во Охрид во 1963 година

Германската актерката Барбара Сукова е една од најголемите филмски ѕвезди на овогодинешното издание на меѓународниот филмски фестивал ФЕСТ што се одржува во Белград.

На фестивалот таа ќе го претстави филмот „Далиленд“ во кој ја глуми Гала, сопруга на Салвадор Дали, меѓутоа она со што таа го привлече вниманието на српските новинари е повикот да ѝ помогнат да пронајде две жени кои ги запознала во Македонија кога биле деца во далечната 1963 година.

Таа година, актерката како тинејџерка со нејзините родители престојувала во Југославија и го посетила Охрид. Таму, раскажа денеска, запознала две девојчиња – Зорица и Билјана.

Тогаш во училиштата се собирала хуманитарна помош за настраданите во земјотресот во Скопје, а Зорица и Билјана во знак на благодарност потоа ѝ испратиле послужавник со две шолји за кафе.

„Ги чував и носев секаде со себе. Тие две сега се како мене, во средните седумдесети години. Би сакала повторно да ги видам. Бидејќи не користам социјални мрежи, можеби можете да ми помогнете да ги пронајдам“, замоли актерката, пренесува Н1 ТВ.

Таа пред камерите покажа и фотографија од Зорица и Билјана од времето кога биле девојчиња.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Влада Савиќ за односот меѓу ќерката и втората сопруга – Психологот ми рече: Сега имаш дете, внимавај кога ќе ја бираш партнерката

Владан Савиќ, фронтменот на „Магла бенд“, зборува за својот семеен живот. Ќерката Анѓелија…