Home Актуелно Бајден во ненајавена посета на Киев

Бајден во ненајавена посета на Киев

Американскиот претседател Џо Бајден ненајавено пристигна во Киев, во неговата прва посета на Украина од почетокот на руската инвазија пред речиси една година.

Ненадејната посета на Украина дојде откако Бајден отпатува за Полска, за да се сретне со претседателот Анджеј Дуда.

Украинските медиуми утрово шпекулираа со посетата на Бајден, откако низ Киев биле видливо засилени безбедносните мерки, а украинскиот министер за надворешни работи Кулеба го откажа патувањето во Брисел.

„Една година подоцна, Киев се држи, Украина се држи, демократијата се држи“, кажа Бајден откако се сретна со Володимир Зеленски во палатата Марински, при што најави нова американска помош за Украина од 500 милиони долари.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…