Home Шоубизнис Личност која тајно го фотографирала Михаел Шумахер ги нуди фотографиите на медиумите за 1 милион евра

Личност која тајно го фотографирала Михаел Шумахер ги нуди фотографиите на медиумите за 1 милион евра

Од Италија пристигнуваат информации дека неименувано лице побарало еден милион евра од најголемите медиуми тврдејќи дека има фотографии од моменталната ситуација на Михаел Шумахер.

Легендарниот германски возач е далеку од очите на јавноста од 2013 година кога доживеа несреќа за време на скијањето на француските Алпи.

Семејството и неговата сопруга не откриваат скоро ништо за тоа во каква состојба е Шумахер. Исто така само ретки личности имаат можност да го видат Михаел.

Токму затоа личноста која го фотографирала и снимала Шумахер е многу блиска до семејството. Намерата наводно била да покаже на целиот свет како изгледа Шумахер, а од тоа и добро да заработи.

Семејството знаело за кого станува збор и не е изненадено, но засега јавно не го открива неговиот идентитет. Сепак, засега медиумите во Италија се на ставот дека не сакаат да ги откупат фотографиите и да објават нешто кое семејството не сака да се објави.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …