Home Актуелно Вторничка временска прогноза – мешавина од сонце и облаци, а попладне и дожд

Вторничка временска прогноза – мешавина од сонце и облаци, а попладне и дожд

Денешниот 22-ри ноемвриски ден во Македонија носи променливо облачно време со умерен, а во источните делови и вдолж Повардарието засилен, повремено силен ветер од југоисточен правец (70 км/ч.).

Попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, пообилни во западните делови (над 20л/м2). На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег.

Во Скопје променливо облачно со засилен ветер од југоисточен правец. Попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд.

Дневните температури ќе се движат во Скопје 14 Целзиусови степени, Маврово 6, Охрид 11, Битола и Крива Паланка 12, Берово 10, Кавадарци и Дојран 16.

Утре времето ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, претежно во западните делови. На места ќе има услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен јужен ветер. Дневните температури ќе се движат од 6 до 18 Целзиусови степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…