Home Актуелно Почина познатиот македонски актер Митко Апостоловски

Почина познатиот македонски актер Митко Апостоловски

На 67-годишна возраст почина познатиот македонски актер Митко Апостоловски.

Веста за неговата смрт преку социјалната мрежа Фејсбук ја пренесе неговиот колега Петар Горко.

– Почивај во мир, колега, пријателе, прекрасен човеку. Неизмерна загуба чувствувам. Нека ти е вечен споменот, напиша Горко.

Митко Апостоловски е роден во Битола на 7 март 1955. Дипломирал на Вишата музичка школа во Скопје (Отсек за драмски глумци). Работел во Народниот театар во Битола (1973 — 1974) и во Народниот театар во Куманово (1980 — 1995). Од 1995 г. е повторно во Народниот театар во Битола.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …