Home Актуелно Жална Македонија: Поради недостиг на машиновозачи во прекин железничката линија Скопје-Табановце

Жална Македонија: Поради недостиг на машиновозачи во прекин железничката линија Скопје-Табановце

Жители на Куманово и неговите соседни села, пред сè Табановце и Романовце, се жалат дека извесен период немаат железнички превоз кон Скопје. Оваа информација ја потврдија и од ЖРСМ Транспорт АД-Скопје од каде кусо информираа дека проблемот е поради недостиг на машиновозачи. Оттаму најавија решавање на проблемот од август, годинава.

Од македонски железници во кусото соопштение информираат дека линијата Скопје – Табановце – Скопје е во прекин.

– Линијата Скопје – Табановце е во прекин од 23.06.2022 година поради недостаток на машиновозачи. Правиме напори линијата Скопје – Табановце – Скопје да се нормализира во август 2022 година, кусо информираа од ЖРСМ Транспорт АД – Скопје.

Кумановци и жителите на селата кои патуваат за Скопје укажуваат дека имаат и месечни билети и дека ќе бараат поврат на средствата. Тие бараат побрзо решавање на проблемот, бидејќи цената на дневниот билет и повратна карта со воз е поевтина од цената за превоз со автобус.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…