Home Актуелно Апасиев: „Со сељаците – сељачки“, Костовски му врати – „ова може да се реши со нокаут, ама надвор“

Апасиев: „Со сељаците – сељачки“, Костовски му врати – „ова може да се реши со нокаут, ама надвор“

По инцидентот кој се случи во собраниската сала помеѓу пратеникот на СДСМ Мартин Костовски и лидерот и пратеник на Левица, Димитар Апасиев, Апасиев конфронтацијата ја продолжи со статус на Фејсбук.

„Со сељаците-сељачки, со интелектуалците-интелектуално“, напиша Апасиев.

После него, исто на Фејсбук, се огласи и Костовски:

„Да се контролираш во даден момент од пцовки и навреди од “невротичниот” колега е одлика на здрав ум, безброј навреди, колнења и закани можеби може да ги реши еден нокаут, но тоа на улица не во храмот на демократијата. Лудилото ќе се заборави, ама рационалноста народот ќе ја памети.

Соочен со целосен распад и неуспех на сценаријата за насилно стопирање на европската иднина на државата, на Апасиев не му преостана ништо друго освен да ги пренесе тензиите во Собранието.

Свесен дека не му поминуваат лагите за бугаризација и асимилација на Македонците, не му преостана ништо друго освен да се заканува со физичко насилство.

Агресијата на Апасиев кон мене, е само изблик на неговата немоќ, и ништо повеќе од тоа. Впрочем, насилничкото однесување на Апасиев, не е ништо ново ниту за нас пратениците, ниту за граѓаните.

Тоа е истиот оној Апасиев кој се закануваше дека ќе стрелал луѓе, кој секојдневни се заканува, клевети, шири говор на омраза. Но, ниту тој, ниту тие за кои ги одработува овие антидржавни сценарија, нема да успеат да ни застанат на патот на европската идна на државата.

Влегуваме во ЕУ како Македонци, со признат македонски јазик нез никакви фусноти и додавки, со чист македонски идентитет“, напиша Костовски.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…