Home Актуелно Ковачевски и Рама со „селфи“ од Брисел – еве што порачаа

Ковачевски и Рама со „селфи“ од Брисел – еве што порачаа

Премиерот на Албанија, Еди Рама, заедно со македонскиот премиер Димитар Ковачевски испратија селфи од Брисел. Под фотографијата Рама напиша дека се навикнати на оваа шарада на Европската унија.

„Сè уште го чекате Годо? Не, ние сме навикнати на оваа шарада и повеќе од кога и да е сме посветени на поттикнувањето на модернизацијата на нашите земји и нашиот регион со непоколеблив европски дух“ – напиша Рама.

Пред почетокот на Самитот во Брисел, Рама ја обвини Бугарија дека киднапирала две членки на НАТО, мислејќи на Македонија и Албанија.

„Отворен Балкан“ е реален одговор на ситуацијата во која го продолжуваме патот на интеграцијата бидејќи немаме алтернатива, порача Рама.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…