Home Актуелно Еве какво време носи денешниот четврток

Еве какво време носи денешниот четврток

Денеска, четврток, 23. јуни, времето во Македонија ќе биде сончево и топло со умерена локална облачност и со засилен северозападен ветер, особено во западните делови.

Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално процесите ќе бидат во форма на невреме со засилен до силен ветер и појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 29 до 38 степени. УВ индексот ќе биде 8.

Во Скопје, слично време со појава на повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер попладне. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 34 степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…