17 фамозни домаќинства во Македонија годишно трошат 330 милиони киловат часови струја – никој не кажува на што ги трошат


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


17 домаќинсктва во Македонија трошат скоро 330 милиони киловат часови годишно, или околу 28 милиони киловат-часови месечно струја.

За што се се троши 10 проценти од вкупната потрошувачка за домаќинствата или приближно 30 % од домашното производство од хидроелектраните на ЕСМ, никој од надлежните не открива.

Единствено што е познато од досегашните информации е дека овие домаќинства потрошената струја ја плаќале редовно. Од ЕВН за ТВ24 велат надлежни се за делот на мрежата само до броилото.

„Електродистрибуција располага само со податоци за потрошувачка за секој корисник поединечно и е надлежна за делот на мрежата до броилото, но не за потрошувачките уреди внатре во објектот.“ – велат од ЕВН.

Регулаторна го крои новиот тарифник, оние семејства кои трошат енормно многу струја ќе ја плаќаат по цена блиску пазарната. Засега не се прецизираа која ќе биде границата на потрошена струја над која цената потоа би била поскапа. Евтината тарифа навечер и во неделите нема да се чепка кај високата тарифа се размислува за поделба во 3 или 4 блокови.

Од Алијанса за Албанците вчера обвинија за „копање“ криптовалути во училишта кои се, како што велат раководени од ДУИ. Ја повикаа полциијата да преземе соодветни чекори. ТВ24 денеска побара став и од МВР, и од ДУИ, и од ЕВН, но и од Министерството за образование и наука, а одоговор добивме само од ЕВН.

Оттаму за ТВ24 велат како најголеми причинители за неовластено користење на струја, а истото важи и за загубите е копањето крипто валути, кражбите на електрична енергија од страна на домаќинствата, малите комерцијални објекти коишто имаат голема потрошувачка како и приватната потрошувачка, но појаснуваат струјата што се губи во суштина не се мери и не се знае кој е крајниот потрошувач, па оттука не се знае колкав е уделот на загуби предизвикан од копање криптовалути во вкупните загуби.

Во моментов за потрошувачка во ниската тарифа граѓаните плаќаат по 3,67 денари за киловат, додека во висока тарифа цената чини 7,32 денари за киловат час потрошена електрична енергија. Според анализите на Регулаторна, во земјава има 660.000 домаќинства, просечната потрошувачка е 400 киловат-часови, а најголем е процентот на домаќинста кои трошат од 0 до 100 киловат-часови струја. Новиот тарифен модел треба да стартува од 1ви јули.