Home Актуелно Постхумни одликувања за шест македонски медицински сестри кои починаа за време на пандмијата

Постхумни одликувања за шест македонски медицински сестри кои починаа за време на пандмијата

Шесте македонски медицински сестри кои починаа за време на ковид-19 пандемијата денеска беа постухмно беа одликувани, по повод Меѓународниот ден на медицинските сестри и Неделата на сестринството.

Министерот за здравство Беким Сали, на настанот организаран од Унијата на здруженија на медицински сестри искажа длабока почит кон нив и рече дека тие починале вложувајќи го својот живот во грижата за пациентите и спасување на нивните животи.

„Годинешното мото ‘Глас што води’ уште еднаш ја потенцира нивната важност во здравствениот систем, а искуства, вештини и знаења ни се потребни за заеднички да креираме политики, кои од една страна ќе значат унапредување на статусот на медицинските сестри, а истовремено тоа ќе значи и позадоволни пациенти. Преку заемна доверба, почит и работа заеднички можеме значително да го унапредиме статусот на медицинските сестри, зашто тие тоа го заслужуваат“, рече министерот Сали на одбележувањето во Градскиот парк во Скопје.

Од почетокот на пандемијата досега, во земјава од коронавирус починаа 37 здравствени работници.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…