Home Актуелно Таравари избран за потпретседател на Алијанса за Албанците

Таравари избран за потпретседател на Алијанса за Албанците

Актуелниот гостиварски градоначалник, Арбен Таравари, кој беше генерален секретар на Алијанса за Албанците (АА), е избран за потпретседател на партијата.

Како што информираа од АА, на синоќешниот состанок на претседателството тој бил едногласно поддржан за потпретседател.

Согласно новата партиска организација, АА отсега ќе има само еден потпретседател. Останатите партиски тела, како што велат, ќе се избираат на наредните седници на раководството. Во наредниот период ќе се објави и конурс за претседатели на партиските ограноци.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…