Home Актуелно Дискотеката „Привилеџ“ пред која беше убиен ракометарот Тот затворена од пазарна инспекција – немала лиценца за работа

Дискотеката „Привилеџ“ пред која беше убиен ракометарот Тот затворена од пазарна инспекција – немала лиценца за работа

Фамозната дискотека „Привилиџ“, сега регистрирана како „Централ парк“, пред која беше убиен хрватскиот ракометар Тот беше присилно затворена од Државниот пазарен инспекторат бидејќи имала забрана за работење.

Директорката на ДПИ Анета Симевска за државната агенција МИА изјави дека на дискотеката во февруари ѝ било издадено решение за забрана за работење поради немање лиценца, кое во март станало правосилно. Сопствениците на дискотеката не го запреле работењето доброволно, па денеска ДПИ присилно ја затворило дискотеката.

Пред дискотеката во скопскиот Градски парк минатата недела беше претепан до смрт хрватскиот ракометар Денис Тот, но Симевска вели дека денешното затворање нема врска со инцидентот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…