Топол пролетен вторник


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Времето во Македонија денеска наутро ќе биде посвежо, а преку денот сончево и потопло со слаб ветер од променлив правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 2, а максималната ќе достигне од 13 до 21 Целзиусов степен.

Во Скопје, сончево и потопло со слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне 19 степени.
Во следните денови ќе преовладува стабилно и сончево време со пораст на дневните температури.