Home Актуелно Силен земјотрес од 7,3 степени по Рихтер го погоди североистокот на Јапонија – издадено предупредување за цунами

Силен земјотрес од 7,3 степени по Рихтер го погоди североистокот на Јапонија – издадено предупредување за цунами

Силен земјотрес со епицентар на 60-тина километри од брегот го погоди североисточниот брег на Јапонија.

Како што јавува Ројтерс, во тој дел од државата потресот се почувствувал во населените места, а издадено е предупредување за цунами.

Земјотресот кој се случил во близина на префектурите Мијаги и Фукушима бил со јачина од 7,3 степени по Рихтер, јави јавниот сервис на Јапонија НХК.

Како што јавува Франс прес, земјотресот се почувствувал и во Токио, а околу два милиони домаќинства останале без струја.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…