Home Актуелно Облачен четврток со минимално затоплување

Облачен четврток со минимално затоплување

Последниот јануарски четврток во Македонија претпладне носи умерено до значително облачно време, освен на запад каде ќе преовладува сончево време.

Попладне облачноста ќе се намали. Вдолж Повардарието и во источните делови ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -1, а максималната ќе достигне од 2 до 9 Целзиусови степени.

Во Скопје претпладне ќе биде умерено до значително облачно, попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне 6 степени. Маврово 1, Охрид и Битола 4, Крива Паланка и Берово 2, Кавадарци 6, Дојран 9 степени.

Утре во најголем дел од денот ќе се задржи стабилно време со пораст на температурата. Во ноќните часови, како и во сабота претпладне во западните делови ќе има локални врнежи од снег. Во сабота ќе дува засилен северен ветер, што повторно ќе ја намали дневната температура. Нов влажен бран со врнежи од дожд и снег се очекува во вторник.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…