Home Актуелно Гаврил Бубевски назначен за шеф на Основното јавно обвинителство – Скопје

Гаврил Бубевски назначен за шеф на Основното јавно обвинителство – Скопје

Обвинителот и поранешен член на Специјалното јавно обвинителство, Гаврил Бубевски, е избран за нов претседател на Основното јавно обвинителство – Скопје, објави на својата веб страна Советот на јавни обвинители.

Бубевски беше дел од поранешното Специјално јавно обвинителство, а потоа ја продолжи својата работа во скопското Обвинителство. Тој доаѓа на местото на Сашо Рајчев, кој беше избран за виш јавен обвинител.

Советот на јавните обвинители на денешната 42. седница ги избра Соња Симовска и Љупчо Коцевски за обвинители во Јавното обвинителство на РМ, Стевчо Донев за обвинител во Вишото јавно обвинителство Штип и Бесир Алиу за основен јавен обвинител на ОЈО Тетово.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…