Home Актуелно БЕСА сега не мора да излегува од Влада: Управен ја поништи одлуката на ДИК за прегласување во Желино

БЕСА сега не мора да излегува од Влада: Управен ја поништи одлуката на ДИК за прегласување во Желино

Управниот суд ја поништи одлуката за прегласување во Желино на вториот круг од локалните избори, која ја донесе Државната изборна Комисија.

БЕСА на одлуката за прегласување поднесе тужба која е прифатена, потврдуваат од прес службата на Управниот суд. Приговорот на ДУИ е отфрлен, а исто така е поништена одлуката за прегласување.

Целосната одлука ќе биде објавена во наредните 24 часа.

Со тоа останува конечниот резултат од вториот изборен круг во општина Желино, односно за градоначалник е избран кандидатот на движењето БЕСА.

Одлуката за поништување на гласањето на ова избирачко место по жалба на ДУИ во Државната изборна комисија предизвика гнев кај единствениот министер од БЕСА, Аријанит Хоџа. Подоцна министерот за земјоделие се појави и на фотографијата од состанокот на опозицијата кога беше објавено дека се собрани 61 пратеник за да бара недоверба на актуелната влада.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…