Home Актуелно Поради „капки вода“ затворена модуларната болница во дворот на Инфективната клиника во Скопје

Поради „капки вода“ затворена модуларната болница во дворот на Инфективната клиника во Скопје

Модуларната Ковид болница која се наоѓа во дворот на Инфективната клиника во Скопје е затворена, а пациентите се префрлени во зградата на Инфективна и во други ковид оддленија.

Од Инфективната клиника велат дека болницата е затворена „превентивно“, откако забележале капки вода, кои во ниту еден момент не биле во допир со електричната инсталација.

-На едно место се појавило мало количество на водени капки, но во ниту еден миг не биле во допир со електричната енергија. Модуларната болница која е помошно инфективно одделение на КИБФС од пуштањето во употреба трипати беше отворана и затворана согласно потребите за третирање пациенти. Во еден период во модуларната болница се одвиваше и вакцинација на здравствените работници.

Во последниот период доволниот број на слободни места овозможи затварање на модуларната болница. Модуларната болница во моментов се дезинфицира и се спроведуваат стандардни процедури за нејзино одржување, велат од Инфективна.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…