Home Актуелно Опозициската ВМРО-ДПМНЕ тврди дека води во Аеродром, а победиле во Сопиште, Могила и Јегуновце

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ тврди дека води во Аеродром, а победиле во Сопиште, Могила и Јегуновце

Локалните избори завршија пред нешто помалку од час и половина, а партиите полека почнуваат со лиферување неофицијални резулати од терен за дел од општините.

Од ВМРО-ДПМНЕ неофицијално велат дека во прв круг победиле во Сопиште, Јегуновце и Могила. Во овие општини имаше по два кандидати, што значи победникот ќе биде решен во прв круг.

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за општина Аеродром, Тимчо Муцунски за „Фокус“ изјавил дека водат на сите избирачки места во Аеродром, Ново Лисиче и Лисиче. За тоа дали очекува победа во прв круг, вели „Ќе видиме“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…