Home Актуелно Државните електрани ќе работат со засилено домашно производство на струја

Државните електрани ќе работат со засилено домашно производство на струја

АД ЕСМ максимално ќе го интензивира ископот на јаглен од сопствените рудници во РЕК Битола и Осломеј, а исто така веќе е објавен меѓународен тендер за набавка на јаглен, со што ќе го зголеми домашното производство на електрична енергија.

Ова, како што рече генераланиот директор Васко Ковачевски, е поисплатливо, отколку набавката на скапа струја на берзата каде цените вртоглаво растат, а само за неколку месеци се неколкукратно зголемени.

Целта е да се стабилизира електроенергетскиот сиситем и да се намали ценовниот шок врз стопанството, откако Стопанската комора побара поддршка од државата, додека состојбата во домаќинствата засега е стабилна.

Но, антикорупциска ќе проверува дали тендерот за набавка на јаглен за производство на струја е спротивен на одредебите во Изборниот закони, дали набавката е предвидена со годишниот план на компанијата, односно дали има корупција и судир на интереси затоа што се спроведува во предизборие.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…