Home Актуелно Донесено решение за уривање на деветте вили кои без дозвола се градат под хотелот Радика во Маврово

Донесено решение за уривање на деветте вили кои без дозвола се градат под хотелот Радика во Маврово

Општината Маврово Ростуше под притисок на јавноста конечно и официјално донесе решение со кое на инвеститорот Радика резорт му се наложува во рок од 15 дена да ги отстрани градбите, 9 типски објекти изградени во армирано-бетонски скелетен систем под хотелот Радика во Маврово, пренесува Мкд.мк.

Градежните инспектори на Општина Маврово и Ростуше првиот увид го извршиле уште во март годинава, по што било констатирано дека инвеститорот нема одобрение за градба. Планот на инвеститорот е тука да се изградат 87 такви типски куќи, а изградбата на првите девет продолжила и после март.

На 15 септември бил извршен уште еден увид од страна на градежните инспектори, но изградбата продолжила. Во решението на општината пишува дека доколку инвеститорот сам не ги урне нелегално изградените објекти, тоа ќе го стори општината, но трошоците ќе мора да ги намири инвеститорот.

Надлежниот градежен инспектор во документот пишува дека од разговорот со претставници на хотелот Радика, овластеното лице Мурат Јусуфи му кажало дека градежните активности продолжиле затоа што инвеститорот сметал дека затоа што на 2 јули 2021 година има платено комуналии за 22 објекти во вредност од 56.188 евра може да гради и дека одобрението ќе го обезбеди во најкус можен рок.

Рокот за уривање e веројатно до средината на октомври, а мештаните велат дека работниците си продолжуваат со изградбата на куќите.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…