Home Актуелно Еве ги цените на горивата кои стапуваат на сила од ноќеска на полноќ

Еве ги цените на горивата кои стапуваат на сила од ноќеска на полноќ

Со најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, малопродажната цена на бензинот од 95 октани се зголемува за 0,50 денар за литар, а цените на бензинот БС-98 и на дизел горивото се зголемуваат за 1,00 денар/литар. Цената на нафтата за домаќинствата поскапува за 1,50 денар, а се зголемува и цената на мазутот.

Максималните цени на нафтените деривати по полноќ ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 71,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 73,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 62,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 62,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 37,019 (денари/килограм).

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…