Home Актуелно Индија го надмина Бразил по бројот на заразени пациенти од КОВИД-19

Индија го надмина Бразил по бројот на заразени пациенти од КОВИД-19

Индија, втора држава во светот по бројност на население, деновиве доживеа драматичен раст на случаите на инфицирани со коронавирус, по повеќенеделните верски фестивали, изборни митинзи и релаксиран пристап кон носењето маски, јавуваат светските агенции.

Индија веќе го мина Бразил по бројот на потврдени случаи на коронавирус и сега е зад САД, на второто место во светот според регистрирани случаи на инфекција.

Во изминатите 24 часа, во Индија се регистрирани рекорден дневен број на новоинфицирани од коронавирус, откако беа потврдени 168.912 нови случаи на Ковид-19, покажуваат податоците на индиското Министерство за здравство.

Од почетокот на пандемијата во Индија се потврдени вкупно 13,53 милиони случаи на коронавирус, додека тој број, според Универзитетот Џон Хопкинс изнесува 13,48 милиони.

Во исто време од заразата умреле вкупно 170.179 лица, со што Индија е на четврто место во светот според бројот на жртви на коронавирус, зад САД, Бразил и Мексико.

Владата очајнички се обидува да избегне втора блокада, но многу држави воведуваат построги мерки, пишува Ал Џазаира на англиски јазик.

Во најтешко погодената држава Махараштра и нејзиниот главен град Мумбаи, рестораните се затворени, а забранети се јавни собири на повеќе од пет лица.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…