Home Актуелно Сончев и топол почеток на март

Сончев и топол почеток на март

Првиот мартовски ден времето во Македонија претпладне ќе биде сончево и свежо, а попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен северен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 9 до 16 Целзиусови степени.

Во Скопје сончево, до крајот на денот со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне 14 степени. Маврово 8, Охрид 11, Битола 12, Крива Паланка 10, Берово 9, Кавадарци 14, Дојран 16.

До четврток ќе преовладува сончево време, а од петок ќе има зголемување на облачноста со локален дожд кон крајот на денот. До вторник ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер. Утринските температури во следните денови на повеќе места ќе се спуштат под нулата, а дневните од среда ќе бидат во пораст

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…