Home Шоубизнис Мислеше дека гола на слон ќе биде ѕвезда на Инстаграм – постигна обратен ефект

Мислеше дека гола на слон ќе биде ѕвезда на Инстаграм – постигна обратен ефект

Инстаграм инфлуенсерката Алесија Кафелникова на својот профил објави видео на кое позира гола качена на слон кој испадна дека бил загрозен вид, поради што предизвика револт и лутина кај нејзините бројни следбеници.

Веднаш по објавувањето, за „The Sun“ изјава даде портпаролот на здружението „ Save the Asian Elephants “, кој не ја криел одвратноста од нејзиното однесување.

„Снимена е на азиски слон и токму овој вид на слонови постојано се бори за да преживее затоа што брутално се експлоатира за туризам и забава. Save the Asian Elephants законски се залагаат за забрана за рекламирање и продажба на неетички места каде што овие специјални суштества се комерцијализираат и злоупотребуваат “, изјави портпаролот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alesya Kaf (@kafelnikova_a)

После голем број негативни коментари, Кафелникова објавила уште една фотографија со слон.

„Сакам слонови и го сакам Бали. Тоа беше приватна фотографија, немав намера да ги повредувам чувствата на локалното население. Ја сакам тамошната култура и ги почитувам правилата на Индонезија. Жал ми е ако видовте нешто негативно во ова. Јас сакав да покажам дека ги сакам и почитувам животните, а особено слоновите, повеќе од сè “, објавила таа.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Голферот Кори Павин открива тешки вести за ракот на неговата сопруга Лиса

Шампионот на U.S. Open, Кори Павин, откри тешка вест во борбата на неговата сопруга Лиса с…