Home Актуелно Облачен вторник

Облачен вторник

Денес на територијата на Македонија ќе преовладува променливо облачно време со локални и послаби врнежи од дожд. На планините на север се најавуваат врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено в долж Повардарието, кој ќе се задржи и во следните денови, информира Управата за хидрометеоролшки работи (УХМР).

Поради продор на студена воздушна маса од север од утре попладне и в четврток ќе има локални врнежи кои речиси насекаде ќе бидат од снег. В петок и за време на викендот ќе биде многу студено, а температурата во поголем дел од земјава преку целиот ден ќе се задржи под нулата

Поради врнежите во изминатите денови зголемени се нивоата кај сите водотеци и езера низ државата, поради што од УХМР предупредија за внимателно движење покрај тие места поради можност од појава на големи води, излевања, свлечишта и одрони.

Според податоците што ги објави вчера УХМР, сите водостои се со надпросечни вредности за овој дел од годината и се очекува и натаму да бидат во покачување. Како најкритични вчера беа посочени реките Вардар горен тек, Треска, Лепенец, Пчиња, Крива, Црна, Радика, Сатеска и нивните притоки. Локални излевања имаше на Вардар кај Рашче, на Крива Река и Пчиња во кумановскиот регион, на водотеци во Охридскиот и Битолскиот регион, а поради заситената почва со влага има и појава на заезерување во одредени рамници и делови на Пелагонија и Полог.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…