Home Актуелно Ременски му порача на Бучковски ич да не заминува за Софија ако нема читано нејзиниот докторат

Ременски му порача на Бучковски ич да не заминува за Софија ако нема читано нејзиниот докторат

Бившата пратеничка и потпретседателка на Собранието од редовите на СДСМ Фросина Ременски, преку Фејсбук му порача на специјалниот претставник на Владата за Бугарија, Владо Бучковски, да не оди во Бугарија пред да го прочита нејзиниот докторат.

– Ако специјалниот претставник на државата во преговорите со Бугарија, проф. Бучковски не го прочитал мојот докторат објавен во монографија „Македонското национално малцинство во соседните земји: Современи состојби” со добиена Државна награда за наука во интерес на државата „Гоце Делчев” за 2008 година, нека не тргнува за Софија на преговори, пишува Ременски.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…