Home Актуелно Советот за безбедност предлага воведување на кризна состојба во Македонија

Советот за безбедност предлага воведување на кризна состојба во Македонија

Македонскиот претседател Стево Пендаровски, во изјава за медиумите по завршувањето на денешната седница на Советот за безбедност, каде што се расправаше за состојбата со корона вирусот, истакна дека е донесен заклучок да се предложи прогласување на кризна состојба.

„Министерот Филипче информираше за болничките капацитети и за реорганизација на кадарот за прием на заразени пациенти. Ситуацијата е исклучително сериозна. Во таа смисла, по исцрпна дискусија донесовме заклучок да се продложи прогласување на кризна состојба на цела територија на Македонија во тек од 30 дена“, рече претседателот Пендаровски.

Пендаровски објасни дека не станува збор за полициски час, туку за дополнителни обврски што ги добиваат инситуциите во битката со коронаввирусот, откако владата на препорака на Советот за безбедност ќе прогласи кризна состојба.

Тој истакна дека е исклучително сериозна ситуација во Македониа предизвикана од коронавирусот, а, како што рече и во другите земји состојбата со пандемијата е многу полоша од пролетниот бран.

Министерот за здравство Венко Филипче, кој беше повикан од Пендаровски да присуствува на состанокот, информирал за ресурсите во здравството и за организацијата за справување со пандемијата, додека премиерот Зоран Заев за севкупните активности и за политиките во другите ресори и можните опции.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…