Home Актуелно Судот на Пенсилванија со судска пресуда за изборите во корист на Трамп

Судот на Пенсилванија со судска пресуда за изборите во корист на Трамп

Пенсилванискиот суд издаде наредба државата да не ги брои гласачките ливчиња каде гласачите требало да дадат доказ за идентитетот, но тоа не го сториле до 9 ноември, пренесуваат американските медиуми.

Изборниот штаб на Трамп поднесе тужба до федералниот суд во Пенсилванија, со барање судот да го прекине прогласувањето на Џо Бајден за победник во таа држава.

Во тужбата се наведува дека системот за поштенско гласање во Пенсилванија не бил транспарентен и дека не бил предмет на проверки спроведени за време на гласањето на избирачкото место.

Според тврдењата на неговиот изборен штаб, властите во Пенсилванија со тоа го прекршиле Уставот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…