Home Актуелно Министерот Филипче засега ја исклучува можноста за воведување полициски час и карантин

Министерот Филипче засега ја исклучува можноста за воведување полициски час и карантин

Иако ситуацијата со ширењето на коронавирусот кај нас, како и во остатокот од светот, е алармантна, министерот за здравство, Венко Филипче, смета дека засега нема потреба од воведување подрастични рестриктивни мерки за движење.

Ова тежок и комплексен процес и за тоа треба да се свесни сите. Сепак засега ќе се чека ефектот од последните мерки и не се планира карантин или полициски час, потврди министерот за здеравство Венко Филипче. Тој вели дека нема да има рестрикции и по региони кои се покритични. Од вчера забрането е групирање на повеќе од четири лица надвор во текот на целиот ден. Сепак Комисијата за заразни болести има нов состанок во четврток и на тој треба да се разгледаат сите околности.

„И покрај апелите, имаше собири на јавни површини, како паркови за време на викендите. Исто така, бевме сведоци дека кога се затворија угостителските објекти, луѓето се групираа пред угостителските објекти. Сакаме да го спречиме тоа, да станат свесни и да не се групираат. Сметаме дека овие мерки се доволни, и ако се почитуваат ќе дадат резултати“, рече Филипче.

Мерките нема да важат за пазарите, во јавниот превоз, спортските натпревари и настани на отворено и на затворено за кои има протоколи за исполнетост до 30 отсто од капацитетот. Засега не се планира ниту воведување карантин во регионите, но ситуацијата се следи и тоа ќе биде една од опциите ако има потреба.

Тој вели дека болничките капацитети се преоптоварени но дека се уште има место.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…