Home Актуелно „Имаше само идеали и една чудесна и чиста наивност“ – Никола Димитров се прости од починатата мајка Ратка

„Имаше само идеали и една чудесна и чиста наивност“ – Никола Димитров се прости од починатата мајка Ратка

Со порака која ја објави на неговиот Фејсбук профил, министерот Никола Димитров, се збогува со својата мајка Ратка Димитрова, виолинистка и пратеничка во првиот собраниски состав, која почина на 80-годишна возраст.

„Македонските маки ги доживуваше како да се нејзини лични. Го береше гајлето на нацијата. Блескаше што и да фатеше, од фамилијата, па животниот повик – музиката, до општото, каде имаше само идеали и една чудесна и чиста наивност, толку многу потребна во политиката денес“, пишува Димитров.

Писмо со сочувство до семејството Димитров упати денеска претседателот на парламентот Талат Џафери, во име на актуелните пратеници. Сочуство изрази и опозициската ВМРО-ДПМНЕ, од чии редови Димитрова беше пратеничка во периодот 1990-1994 година.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Ванеса Трамп објави дека повеќе нема рак, шест месеци по дијагнозата

Ванеса Трамп соопшти дека последните резултати не покажале присуство на рак. Веста ја спод…