Home Актуелно Денес почнува судскиот процес против актерката Силвија Стојановска и Воислав Будисављевиќ за вмешаност во шверц на кокаин

Денес почнува судскиот процес против актерката Силвија Стојановска и Воислав Будисављевиќ за вмешаност во шверц на кокаин

Денес во судница е закажано првото рочиште од судскиот процес против актерката Силвија Стојановска и нејзиниот поранешен сопруг, Воислав Будисављевиќ.

Тие се обвинети за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори, откако судот го прифати обвинението на обвинителството во кое се товарат дека зеле учество во купување и продавање на дрога – кокаин во вкупна количина од близу 700 килограми.

Денеска обвинителството и обвинетите треба да ги дадат воведните зборови пред судот.

Актерката и нејзиниот екс сопруг, според обвинителниот акт, организирале сместување, купување, превезување на дрогата од мадрид и барале купувачи за истата.

Актерката Стојановска веќе неколку месеци се наоѓа во куќен притвор, а пак, будисављевиќ во притвор. Двајцата беа приведени на крајот од месец декември минатата година.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…