Home Актуелно Поради внатрепартиски пресметки во ДУИ, изборот на Талат Џафери за собраниски претседател во застој

Поради внатрепартиски пресметки во ДУИ, изборот на Талат Џафери за собраниски претседател во застој

Незадоволни од листата на нови владини функционери, ограноците на ДУИ во Сарај и Чаир се револтирани и предизвикаа внатрепартиски пресметки. Според информации на ТВ 24 синоќешниот состанок на највисокото партиско тело на ДУИ го бојкотирале и новоизбраните пратеници, Изет Меџити и Арбен Зибери, по барање на нивните членови.

Тие се противат на именувањето на Артан Груби и Бујар Османи без консултација на скопските ограноци на ДУИ. Според внатрепартиски информации, реакции имало и од другите ограноци како тој во Струга и токму заради тоа се одложило и именувањето на министерот за информатичко општество.

Според информации на ТВ 24 сите пратеници се во Собранието и очекуваат расплет, односно продолжување на конститутивната седница, на која треба да се избере претседател на Собранието.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…